секој (зам.) - песна (имн.)

Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бргу научив дека секое светкање не донесува светлина и дека секоја песна не е за слушање - има песни што ти ја галат душата а не ти го гибаат ушното тапанче.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Секоја песна ја прават нова.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го носеше сето Македонско со себе, секој обичај, ритуал, обред, борба, игра и секоја песна!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Со секоја песна и во секоја песна Ренџов го опишува својот тестамент, како да е прва и единствена и како да е последна и единствена.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
- Знам, Ѕвездо моја, ама во секоја песна може и да додадеш, и да одземеш.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Одговорот на прашањето: Збира ли јазикот толку колку што може да загуби мислата, а да најде песната - се потврдува одново и одново во секоја песна на Анте Поповски.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)