секој (зам.) - можност (имн.)

"Г) Да го насочиме нашето влијание кон Балканот преку консолидирање на нашата позиција во Грција и во Турција и да се воведе и искористи Турско-грчкото пријателство како фундаметален фактор во југоисточна Европа и во Источниот Медитеран; и "II/ додека избегнуваме каков било директен предизвик на руското влијание во Југославија, Албанија, Романија и во Бугарија, да ја искористиме секоја можност за ширење на британското влијание во овие земји".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, треба да се почитува моментот, да се демне будно секоја можност која прелетува и доколку ја пропуштиме невнимателно, таа ќе ни одлета пред носот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А таа има таков ефект што нѐ лишува, речиси мигновено, од секоја можност за пронигба или согледба што стереотипот ја нуди толку нетрајно, правејќи ја на тој начин вистината во него недостапна за секаква сериозна размисла.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Верувајте ми, ја пресеков секоја можност, го потиснав секој нагон, туѓ или мој, што можеше намерно или случајно да предизвика било кога било каква живост во тој, од човечка гледна точка, ептен мртов стан.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Според експертите, од трите "алтернативни политики", последната (г) се чинела дека е "единствената изводлива во овие услови и во оние што веројатно ќе преовладуваат по војната".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури негде попладнето, кога ја пропуштив секоја можност да ја завршам работата по која бев дојден, брат ми се смилости и реши нашите патишта привремено да се раздвојат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)