секој (зам.) - интервју (имн.)

Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На крајот, пак, од наративниот дел, секое интервју содржи кратко резиме, односно своевиден заклучок, кој со точки (***) е видно одделен од основниот текст, и кадешто се дадени поентите и впечатоците од секој конкретен случај – се разбира, по сопствено видување на интервјуерот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)