секој (зам.) - идеја (имн.)

Во виенското списание Transit некогашниот славен полски дисидент Адам Михник во текстот со наслов Во сенката на Сократ пишува за националниот идентитет во модерното општество и ова го заклучува за денешната улога на интелектуалецот: „Држењето до вистината и воедно следењето на барањето сѐ околу себе да се анализира и секоја идеја на моќниците на овој свет да се изложи на испит - таквиот став за интелектуалецот значи: го прифаќаш тоа дека ќе станеш објект на навреди; мораш да сметаш со тоа дека луѓето за тебе ќе шират злобни гласини - дека ја презираш сопствената земја и ги предаваш националните вредности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За сите овие лица, главно егзархиски службеници во Солун, по потекло Бугари, била туѓа и несфатлива секоја идеја за било каква акција во Македонија која што не би одела во хармонија со политиката на Егзархијата, односно со официјалната политика на Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
‌За моја среќа, од неодамна се појавиле големки пукнатини во таа тенка црта помеѓу левтерното признавање и штетното одрекување. (Докрајна очевидност помешана со целосна неприфатливост по правило е она по што се издвојува секоја идеја достојна за внимание).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)