секој (зам.) - акција (имн.)

“ Посебно им се нагласувало дека во спроведувањето на точките било пожелно секоја акција да биде спроведена од страна на “командантот на локалните партизански сили“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сепак, еден закон на физиката ги надминува нејзините граници како природна наука и длабоко навлегува во областа на општествените науки: секоја акција има своја реакција.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
При планирањето на секоја акција преку радиоврска биле консултирани британските офицери на самото место.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)