секој (зам.) - си (зам.)

Ако не му се бендисува на некого нека не се придржува, но и последиците ќе бидат негови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој си ја гледа својата работа и си се реди како што му е згодно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гарванов само промрмори колку да каже нешто: — Секој си е сајбија на својата глава, Ѓорче!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој си зеде на нишан по еден и - чекаше. Градите се напинаа до распукнување. Не може веќе да се издржи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Па и тука секој си ја гледа работата... А се познаваме, разговараме, - Бојан ги стави рацете на уста и викна силно, оптегнато, та планината екна од неговиот глас: - Еееј, Кирилеее!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Никого не познаваш... И убаво ти е, а? - Па ни убаво, ни неубаво... Онака... Секој си ја гледа работата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секој си ја избираше облеката според своето замислено, или пак посакувано постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ајде да ти ги покажам другите простории,“ реков, па излеговме од салата и побрзавме по ходникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А кој спомена излекување? Па овде никој не е болен, овде само секој си живее во свој свет,“ и му ги поднаместив наочарите на носот кој малку му се беше вцрвил од алкохолот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За оние кои веруваа дека се некој или нешто што светот не им го признава – како Томас кој освен оскудна облека бараше да му биде дозволено на карневалот да носи и голем крст на грбот, како Улрике која бараше вистински дијаманти за својата дијадема, како Јоахим кој инсистираше на вертеровите жолти панталони и син капут – облеката беше почеток на потполната потврда на постоењето кое на некој начин веќе го остваруваа во својата не-реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секој си има еден вселенски знак, еден зодијак. И тој го управува него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секој си ја носи набашка, со себеси, вели. Нема каде, се враќаме дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние, вистина, сме смешани со нив, ама секој си ја држи својата страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој си е зафатен со раната своја, со болештината своја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој си вели: оти јас да умрам, нека умре оној што сака јас да умрам. Ако беше убава смртта и господ ќе умреше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку гледате едни се качуваат, други слегуваат. Ни доброутро, ни добровечер, секој си е сам. Глувте.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секој си имаше свој правец во размислувањето за јаничарството од кој не сакаше да отстапи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Леле, прекршило глуво доба... молкни душо, секој си го носи својот Крст.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Потребен е долг период да секој си ги најде своите гранапчиња, кооперации, јемиши, мешпајзи и зарзавати.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Идеалност има само меѓу планетите во вселената - секоја си оди по својата патека и никоја со никоја не се допира...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тие така беа воспитувани: колку повеќе неверници ќе погуби Турчин, толку поубаво место ќе добие од Мухамеда во рајот. Секој си одеше со својата сметка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој си знае какво камин си носе, мисли Чана, ама оти не кажува што е со нејзиниот?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Откога се починале и се понајале, си летнале пак и си дошле во тие земји кај што си имале седела, та секој си тргнал во својот вилает, а Силјан со Аџијата и друзи се упатиле за кај Прилеп.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Еднаш реков: минатото не постои за ништо друго освен да поттикнува разговори и спомени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јас, врз основа на личното искуство - граматика на разобличувањето сунѓер со којшто секој си ја впива сопствената крв и ја плакне во Ништо: меморирана мора.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На времето во Хавана и ноќите побелуваа од белиот рум во „Бодегита дел медиа“ и наутро не можевме да се изначудиме каков чудак бил тој Хемингвеј штом кучињата си погребал како луѓе во дворот на куќата кај Хавана од каде пак, ако го опули морето, секој си понесува (за спомен и долго сеќавање) макар едно бранче од приказната за старецот и морето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Секој си има своја приказна и лична проценка на својата несреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој си има по некое место што не може да го напушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Автобусот полн со луѓе, ама секој си ја врти главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А секој си носи по нешто в крпче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како за оправдување на мојата немоќ и неукост во себе си велам: тука, драги Џим, секој си има свој крстоносен пат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
БОРИС: Секој си мете пред својот праг. МАТЕЈ: Ти и пред мојот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)