секој (зам.) - го (зам.)

Секој актуален чинител се опкружува со кругови од секогаш нови виртуалности, каде што секој пушта во оптек некој друг, а сите заедно го опкружуваат и реагираат на актуалното („во средиштето на облакот на виртуално сѐ уште е виртуалното од повисок ред... секоја виртуална партикула се опкружува со сопствен виртуален космос и од своја страна секоја го прави тоа до бескрај“).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Слики имаше безброј, а во секоја го гледаше ликот на неговата Радица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А за својата несреќа секое го обвинуваше другото.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Секое го зграпчи своето парче и двете се изгубија на разни страни, да не си пречат и на мир да го изедат својот појадок.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Уште кога се разбудив помислив дека овој ден долго ќе трае – објаснуваше Иван со глас што се труди да се дистанцира од болката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Времето што изминува секој го мери според своите тежини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Служат, тоа е барем јасно, за одложу­вање на крајот; и основната перспектива по ова прашање ги дели оние што се збогуваат во две категории од кои секоја го бара своето простување, иако не нужно под свои услови.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ќе прашаш, палатот на падишахот, фала богу, секој го знае.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Им ги раздели кадијата ѓевреците и секое го погали по глава со по некој утешен збор и она: Машала, машала.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој го викаше како си сакаше, а тоа се вртеше, трчкаше - де кај еден, де кај друг - мило рунтаво црно топче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А за својата несреќа секое го обвинуваше другото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го гледаа гобленот луѓето и секој го толкуваше на свој начин: едни велеа дека гобленот претставува: светлост и мрак - ноќ и ден.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)