секого (зам.) - го (зам.)

Затоа Фонче секого го охрабруваше и му велеше дека правдата е на негова страна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По нив иде војската со штикови и секого го дупат таму каде што е бележан.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Море, каде вака, Крле, Горно мало? — го запраша слободната Бојана Катина, која со сите ергени правеше разговор и секого го задеваше — и што треба, и што не треба. Крсте поцрвене како рак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од болка и тага што животот ќе го врви со слеп човек, започнала со омраза да гледа на сè околу себе; секој ѝ бил виновен и ѝ пречел, кон секого го истурала својот јад и лутина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Никој што ние ќе го доведеме на ова место никогаш не останува против нас. Секого го исчистуваме до крај.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)