секаков (зам.) - прашање (имн.)

Девојчињата се туркаа и му поставуваа секакви прашања. - Кога? Како? Какво е бебето?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тукушто екна ѕвончето, а наставничката по историја излезе, во училницата се втурна Ташко и радосно извика: „Добив сестричка! “ Сите се насобравме околу него.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја стави во голема кеса, без да ја види Татко или некој од децата, а не сакајќи да ја видат соседите, облечена во неа, па да си поставуваат секакви прашања – од каде ѝ е, какво минато кријат и слично, си се упати кон киното со својот обичен капут кој си го носеше со години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но секакви прашања во врска со тоа се веќе задоцнети и одговорите бесполезни.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ќе ме ги пребараат џебовите, така почнуваат, потоа ќе постават секакви прашања.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе ми ги пребараат џебовите, така почнуваат, потоа ќе постават секакви прашања.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)