секаков (зам.) - лек (имн.)

Го носеа по разни лекари, го хранеа со најубава храна, му даваа секакви лекови, но ништо не помагаше; никако да се опорави - како цветче попарено од слана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еден од браќата, лекар, сестрата, медицинска сестра, ѝ носеа на Мајка секакви лекови против главоболка, за смирување, разни сирупи, за деца и за возрасни, витамински препарати, а таа беше здрава, поздрава, за својата возраст, не можеше да биде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нему син му Парамон му испраќа од Австралија пепелници и секакви лекови од кои срцето се подмладува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)