секаков (зам.) - желба (имн.)

Го осознал сопството или јаството: Највисоката вистина од сите вистини. Прочистени од секакви желби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Поради твоето настроение ми пропадна секаква желба да работам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Логиката, според која лекарите читаат во лекарските читални за потоа да бидат преслушувани од пациентите, ме лишуваше од секаква желба за анализирање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Климакс Некаде прочитав дека само невоспитани деца поминуваат низ тежок пубертет. A прости, необразовани жени тешко поминуваат во климакс. Aма и за споменатите, и за другите, сепак, тој има заеднички симптоми: - силни врелини кои ве обземаат одеднаш само во одреден дел на телото,како да го печете во рерна или го дувате со врел фен, - капки пот што по линијата на веѓата се спуштаат по рабовите на лицето и буквално капат додека стоите во автобус полн со луѓе закопчани до грло во топла зимска јакна, - отсуство на желба да бидеш интимен со некого, па дури и со љубовникот,а за со мажот ич да не зборуваме, - силни налети на нервоза, во која трчаш низ куќа и бараш некого буквално да го изедеш, - чувство дека си болна од сите болести што ги прележале твоите пријателки и дека ги имаш истите симптоми на сите епидемии, птичји, свински, грипови, грутка во грло, јазол во желудник, срцебиење, камен во бубрези, тиња во жолчка, - потреба од „шопингување“ на енциклопедии за здравје, здрава храна, вежбање пилатес дома и во друштво, - отсуство на секаква желба да одиш по гости, а уште помалку некој да ти дојде, - убеденост дека си најпаметна, - ама и потреба да се биде зајадлива, џангризава, самобендисана, лоша, злобна и одмаздољубива За среќа, ова трае само десетина години и, кога ќе помине, сè се враќа во нормала, освен некои небитни промени: мажот си заминал, а не си ни забележала, децата не заминале, останале, ама ти се лути до смрт, а ти повторно со истата сила и енергија како од младоста, се трудиш да им угодиш во сè, ама нема „feedback“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но тој дозна и друго: дека за овој весел зимски празник неговите родители се подготвени да му исполнат секаква желба.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Првото, што можеше да го види онака поникнат и наполно отпуштен, ослободен од секаква желба дури и за најситното движење, без никаков грч, онака апсолутно отпуштен и увиснат, беше еден бескраен син простор, што се отвораше пред едно такво негово споро никнење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го осознал сопството или јаството: Највисоката вистина од сите вистини, прочистен од секакви желби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)