себе (зам.) - и (чест.)

Секој гледаше да даде што може повеќе на манастирот и со тоа да добие милост и за себе и за своите блиски, та дури и арамијата Катар Ќаа му приложи на свети Илија седумдесет лири да го чува од вариите и потерите што го бркаа, со кои пари дедот Стале му го плати зографисувањето на Аврама Дичов од Тресонче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш, бегајќи од неа, од колективизацијата, последниот од Акиноските, Јован Акиноски, го однесе некаде со себе и тевтерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Токму сиромасите му овозможуваа да си поседи кај посестримките, да им се понагледа и понасладува, правдајќи се, и пред себе и пред своите старешини, дека се задржал по царска работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите како да заборавија на тегобното време и во себе и во домовите. Падна мрак. Си разотиде народот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ибн Тајко, спротивно на она што беше и со тескере, поаѓајќи накај санџак-бегот ја зеде со себе и библијата што му ја продаде крај езерото Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Размисли трезвено и биди умна и за себе и за сите нас.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дури некогаш доцна тие ги изнајдоа во себе и зборовите и прво прошепнаа по нешто тивко и скришно само за себе, додека по подот си играше одблесокот од вратничката на разгорената печка, која баботеше и потплуснуваше со металот што се усвитува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Волкот ја свитка опашката меѓу колковите и ја спрашти со едни ветерничави, троноги скокови надолу, сиот со некаква леснина на сенка, во онаа магличава сивина меѓу стеблата, одвлекувајќи си ја по себе и својата здробена нога, запната само за едно парче кожа и за некоја бела жила, што му се отфрлаше во трчањето, чиниш некој ненужен, прикачен дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа двајца пријатели и беа создадени за да бидат вакви цели во себе и сами и судбината како да ги имаше одбирано за да ги сретне еднаш, во еден ваков ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зелениот камен веќе лежеше врз домалиот прст на Калпаковата широка шепа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се свртев и се оддалечив од нив а ноќната треска, во која умирав заедно со старецот Неделко Шијак и не умрев, побрза од сето мое месо и од сите мои млади жили кон грлото: се склопчи таму, со притаеност на лутица чекајќи свој миг да пушти од себе и студени и врели боцки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најнеразбирливо беше друго. Земјата смекна, се згреа, потече во бранови и го однесе со себе и човекот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)