себе (зам.) - толку (прил.)

Една Пловечка тврдина, на пример, содржи во себе толку труд колку што е потребен за да се изградат неколку стотици товарни бродови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имал работа со такви ѕвериња повеќе пати во својот живот, честопати знаел да ги лови, а неколку пати му успевало и да ги улови, но сепак не можеше да каже со сигурност дека кој било од оние уловените оставал зад себе толку длабока трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку е поголем зазорот, толку е поголема страста...  Но реката, колку повеќе е свртена кон себе толку е порамнодушна спрема човечката судбина. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дури есента, кога тргнуваа да си одат назад, кон дома, со сите кираџии, што ги товарија нивните алати и сѐ друго нивно од бараките, а зад себе оставаа една нова петокатница во градот, неа можеа сега да ја гледаат и да бидат задоволни од тоа каква беше бела и воздушеста, дури есента, кога го оставаа тој град, разубавен со уште едно нивно здание за векување, тој бел град некаде по белиот свет, по нив се забра и еден испокинат младич, кој по многу нешто личеше на сите деца, што се среќаваат по станиците, бос и сам, држејќи го постојано растојанието меѓу тајфата и себе толку големо за да не може да го достаса никој, кога би се пуштил назад да го фаќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)