себе (зам.) - навистина (прил.)

Но кога дедо понекогаш ќе ни дојдеше на гости во град и ќе прошеташе со убавата носија на себе навистина привлекуваше внимание-беше атракција.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Едното око, десното, навистина му беше преврзно со црно кожинче, а и жената што ја донесе со себе навистина беше таква каква што ја прикажуваа некои кои ја виделе со Тодета таму, во Загреб; ластареста и опета и сета лиса - само очите ѝ беа големи и темнозелени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)