себе (зам.) - веќе (прил.)

Тешко е да те нема тебе во мене, ни наредби од сама себе веќе не примам..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
На 13.11.1903 год. утрото по разговорите со К.Мисирков и Ст.Јакимов кај него дома во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Пишувајќи Ви ги моите лични сфаќања за иднината на мојата татковина Македонија, ги имам предвид големите опасности што се кријат во сепаратистичкото национално движење меѓу еден дел од македонската интелигенција, кое зад себе веќе влече и македонски народни маси, особено во Југозападниот дел на Македонија, со центрите во Охрид, Ресен, Битола и Прилеп”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено притисоците не стивнаа и натаму продолжуваа со несмален интензитет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И покрај сѐ Марковски – кој зад себе веќе имаше добиено еден судски спор против истиот свој работодавач и поради тоа беше земен „на пик“ – упорно продолжи да оди на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Велиме господари, зашто за сето време додека работеле во визбата тие при себе веќе имале определена количина динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не илузии, туку нагон за живот. Во себе веќе сакавте да бидете лекар? Тоа да, отсекогаш. Силно! Силно! Силно! 34 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Секвенцата во која Сван го извлекува од неа признанието дека таа „два-трипати спиела со жени” и во која таа со лажна недолжност му раскажува настани од Ил де Боа, таа секвенца сама по себе претставува цел филм, кинематографски резови, рекадрирања и гро-планови чија што монтажа лесно можеме да си ја замислиме и која во себе веќе ги содржи цезурите, појаснувањата и упатствата за игра: “Одета сето тоа го раскажуваше речиси на смеа, било зашто тоа ѝ се чинеше сосем природно, било затоа што веруваше дека со тоа ќе го намали значењето на нештата или пак, да не изгледа понижена.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дерида укажува дека дури и личните именки секогаш полисемантички прозвучуваат, бидејќи личната именка со себе веќе носи замисли на “конфузија” како во “конфузија од јазици” и како во “конфузна состојба на умот во случајот кога една перманентна структура е прекината”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)