себе (зам.) - врска (имн.)

Според нејзиното скришно верување, клучевите требаше да го поврзат семејството со старите куќи, но и со небото, верувајќи во божјиот благослов во новата земја во која се вселувавме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се обидуваше, со сите сили, додека ги имаше, сѐ до залезот на својот живот, да ги надополни овие две големи празнини, првин, станувајќи голема мајка на своето семејство и да трага по својата загубена татковина, останувајќи му верна на митот на враќањето во неа, носејќи ја постојано со себе врската на клучевите од напуштените куќи крај морето, крај Езерото, низ повеќе генерации на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како реликвија, таа ја носеше со себе врската со клучевите од напуштените куќи крај Морето, крај Езерото и, на крајот, крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но таа, за секој случај, ја носеше со себе врската со клучевите од нашите напуштени куќи, првин крај Јонското Море, а потоа крај Охридското Езеро.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)