себе (зам.) - таков (зам.)

Да даде Господ таквите ситници да не ти се натрупаат преку мера.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така ги одбегнуваше сите судири со блиските и сите агли во куќата, ширејќи околу себе таква топлина од добрина пред која немаше некој да не омекне.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мислам оти секој од нас носи во себе такви важни и неважни ситници што никогаш никому не ќе му ги довери.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, јас немам при себе таков плод за да ви покажам и практично на што личи кога ќе ви се најде најаден во раката, но вие, таму, горе, во вашиот свет, го имате тој плод во изобилство!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)