себе (зам.) - си (зам.)

Да се посматра себе си во огледало, додека го слуша шумолењето на водата?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Потоа, се пронаогаш себе си, се идентификуваш на повисоко ниво, со групата на која мислиш дека припаѓаш.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Нема да му дозволам да го распарчи имотот... –се бореше таа со самата себе... војуваше со себе си.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се знае дека првиот вистински чекор за успех во иднината е самодовербата на нас луѓето, во себе си, како нација, како Македонци, да се цениме себе си, да си ги познаваме корените, да си ги почитуваме предците!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зборувајќи сешто, без многу да размислат некои од македонците, понекогаш како намерно да си создаваат сопки на самите себе си: се увредуваат како нација, се понижуваат пред другите, сѐ со цел да му угодат на гостинот или соседот, величејќи го него од почит или не знам од која причина?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Важно е да се идентификуваш себе си!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова големо непријателство што го покажуваат луѓето против козите всушност го покажуваат против самите себе си.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Онаа нервоза што ми ја предизвика жената ми се враќа со уште пожесток налет и си велам самиот себе си: што не си се вратиш да си умираш во постелата туку и умрен не престануваш да правиш глупости.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Станува јасно дека неговата критика кон себе си е лажна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Изградбата на црквата, ставањето на два крста, садењето на дрвото, претставувањето себе си како човек благороден, со добрина во срцето... Боже, ова толку многу се повторува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Си зборував и се слушав сам себе си, во себе, никој друг не ме слушаше. Изгубив време.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе копам додека да се завири вирче, мало огледало, и додека да се видам себе си во него, победите и славите, и сета добродетел моја. Да, мојата добродетел!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во Маказар ќе потече вода, реков гласно пред себе си, ќе се урне надолу, ќе забучи со сета сила и, белким, еднаш за секогаш, ќе го облагороди овој маказаречки недоверлив и дрзок свет.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вината, брату, си зборував отворено пред себе си, застанат зад купчето земја, е што не си проценил како што треба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека јас бев отсутен, обземен со себе си, Коле наредуваше околу пијачката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие ми држат стража пред светот, често несигурна, толку опседнати со себе си, што забораваат на човека.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако себе си се признаеме како функција од сите други луѓе а сите други како функции од нас тогаш „одговорноста“ ќе мора да ја заземе местоположбата што сега ја зазема „индивидуалната слобода“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но овој есеј се обидува да укаже на една уште подлабока последица од ова сакрализирање на библиотеката - имено на фактот дека ние, пред сѐ, се идентификуваме себе си преку оваа сакрализирана културална мемориска банка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јас, лично сум несреќен. Се негирам себе си, негирам дека нешто сум негирал кај себе и кај другите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мрмори во себе си а потоа и гласно: „За ова си заслужил - гаде! Многу ја имаш отпуштено опашката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се возбуди силно и во себе си помисли: „ситна работа — сламка, од која зависи еден живот“. Долго се мисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тегни де, што си се затресол? — го прекори Шаќир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па го карах и го учех себе си да чуват, да не казват љута дума Турчину си нигде...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
А овој пат себе си дозволувам речитост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Младите премолчуваа, се чудеа, уште не знаеја што е старост, средовечните се потсмеваа, а постарите најчесто во себе си повторуваа: „Арно се рекло, Господе, чувај нѐ од лоша сетнина!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му ја стави раката на гради, мислеше само да го потурни за да си направи пат, но Богатин, иставајќи се наназад, сам од себе си падна, изгледа се засопна и падна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бестелесна состојба на безвоздушна маса која самата себе си се стега. Во грч и страв.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Помогни ми да те пронајдам, да се најдам себе си во овој вртлог на ништо. Покажи ми го патот кон слободата, се купува ли на кило можеби?
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ако беше жива се ми се чини дека ќе се радуваше на секоја моја несреќа. Таква мајка ме роди“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„И мајка ми еднаш ми рече дека не умеам да замесам вкусно кравајче дури ни за себе си.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секогаш доволен од себе си, учтив и внимателен кон сите, особено кон своите другари, тој во кружокот на гемиџиите беше најсимпатичниот, најсаканиот главно поради неговиот голем идеализам, скромност и добрина“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие прибрале околу себе си една камарила од случајни лица, користољупци, кои што сакаа да исползуваат некаква егзархиска служба или положба во општеството...“75
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прекинав. Во себе си реков: - Ете, пак некој братучед на Коте од Руља...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Станував сѐ поприврзана кон неа, иако правев големи напори тоа да го скријам и од неа и од самата себе си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со него се полни колоните на утринското издание на еден голем дневен весник, кој себе си ласка дека има новинари коишто добро пишуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа дава една вербална клоака која глатко тече, со убаво срочени реченици, и ситна, безопасна досетка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Никифор Правдољубивиот ќе забележи дека овој непомирлив противник на схоластиката, еден од најсамосвојните ученици на Музеумот, знаеше со иста непосредност да ги толкува Еуклидовната геометрија, Никомаховата теза за априорната егзистенција на броевите во духот на Творецот, најсуптилните финеси на античкиот јазик или да насмее со импровизираниот мим, често пародирајќи се и себе си како несмасен трговец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Жената, за да ги избегнат барите, го поведува девојченцето по мократа асфалтна патека, испруженото тело на водената змија. – Ќе задоцниме – ја забрзува внучката, и себе си.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ете, таа жена која себе си се нарекува госпоѓица Осуденик, кога за прв пат влезе во ординацијата, се тресеше како фатен крадач.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Гледам во нивните лица и како да се препознавам себе си.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа е простор, еден вид сцена, на која се гледа како набљудувачот - оној што ни ја нуди, размислува за себе си.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сократ ја позајмил од Делфискиот пророк сентенцата „Себе си запознај се“ и ја пласирал кај своите ученици како негова лична измислица.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со оглед на тоа дека е аутопсична (аутопсија на старогрчки значи да се видиш себе си, да зборуваш од свое име, да зборуваш за она што си го видел со свои очи), сликата подразбира лично сведоштво и искуство преку патување, откривање, набљудување, размислување“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Неслучајно, Свифт рекол: „Само несреќните веруваат во власта на судбината. Среќните си ги препишуваат сите успеси на себе си“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Реалности, правила и изненадувања Обидот да се дефинираш себе си е налик на обидот да си ги гризнеш забите. - Алан Ватс Медиумот е порака.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не се ни мачеше да им ги полни главите на сите други, но за себе си тој продолжуваше да знае дека тоа е само еден од начините на она старче да се провлече, да мине крај сѐ и меѓу сѐ, без притоа да остави нешто само свое.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека веќе се гледаат себе си како го совладуваат длабокиот снег, а знаеше дека ќе биде најдобро кога би ги држало тоа до вечер, сѐ додека не стасаат во селото. Го ценеше тоа чувство во нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А еднаш, кога можеше да се обѕрне, тој ја откри и целата шума околу себе, која на некаков чуден начин продолжуваше за сето време да се движи околу него, едвај осетно залелкана и во едно бавно, но постојано одминување. Најпосле се најде и себе си, сиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро беше што го праша дали некаде се должи себе си со таа вар и со таа работна рака и со сите тие килими, на што тој ти се исклешти: „Знаеш, претседателска куќа, може да дојде секој, и...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За себе си мислеше дека тоа го прави со бегањето, со тоа што знаел отсекогаш да се затвори во себе, да ги затвори сите врати, пред нешто, што не сакаше ни да го види, ни да го признае дека постои.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа изгубени и едвај се изнаоѓаа себе си.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да бидеш ти и да бидеш сам и да се најдеш пред себеси еден нов ти. И да се почувствуваш и самиот пред себе си нов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше на маѓијата на сите дивинки да се враќаат секогаш на она место, од каде што си ги скорнал првпат, но и тоа го стори повеќе како да се шегува со себе си, бессилен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И во него, како црвојадина, се вовлекуваше една тивка, непозната нишка за себе си - сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На сите работи, што ги започнуваше, не можеше а да не им се даде сиот така што да не остави ниедно делче од себе си вон, беше создаден таков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури кога си легна во својата топла, миризлива темнина на ложниците, по него пак, како некој што постојано го демнел од темничината, обрасте онаа мисла за самјакот и за себе си сам, и пак го потисна во познатата пеколната притивнатост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден тежок живот. Оној обично молчеше, а се чинеше како да го прави тоа со некаква нејасна желба да се казни себе си.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се гледаше дека Језекил се лажеше и себе си, дека го лажеше Претседателот, а и него, и Змејка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немаше ништо навредливо во тоа што се пошегува себе си дека подивеал.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не. Сите мислат така, а јас бев ваков и постапив вака, иако и јас многу често не сум воодушевен од себе си ваков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За сето време додека чекореше меѓу дрвјата тој веќе ниеднаш го немаше во себе она подмолно, проклето и застојано чувство од сите поминати денови за себе си сосема сам; постојано беше со оној напред; тоа сигурно и неотуѓиво му го носеше сето тоа време оваа крвава трага, што се протегнуваше меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И знаете во која професија се пронаоѓа себе си?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно со себе си се смееше војникот од сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
В постела се шета човекот, под себе си работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите пијат, пејат и се гушкаат со Илија. А и секој со секого. Некој само со себе си се гушка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АНТИЦА: Ако си од благо, благо да ти дам (кинисува и со себе си): Ааа... ќе се рече стројница си дојдена, Е не ќе те измие.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Душо моја, каде си побрзо да те видам? (чита во себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ПОП ЈАНЧЕ: (излегува од куќарчето играјќи си со бројниците со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: (слегува и додека стигнува до портата од двориштето со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е ... колку пари ќе ни чинеше кожава да ја потурчеа! Колкаво леќе за вујка е кир Ристаќија! (со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: (сеќавајќи бол во душата за себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: (со себе си). И момичево не ми е токму на умот! (излегува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: (одскокнува на страна). Па ти тоа, па тоа! (со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со себе си): Е, сполај му на бога оти еднаш веќе ве донесе!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И повторно, сама на себе си даваше кураж: „Не, не, во никој случај не смеам да бидам...“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За миг се виде себе си како еден капиталец со набиени рогови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сам за себе си мрмореше и си мислеше како е подобро овде на раат да си ги изџвака залаците отколку дома да ги голта под надзор на неговата воинствена мајка. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Често самата со себе си зборувам. Но еднаш ме излажа и затоа и нему веќе не му верувам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада прозборе со себе си... Значи, овој див е скротен од некој што е посилен и од него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, сепак, ако не зборува, таа би чувствувала дека „живее во лага“ и се изневерува и себе си и сопругот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Критикувај ги другите, но и себе си.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
8. Попладне се врати од плажа изморен и гладен, без динар в џеб, се врати во градот и во себе си, како што се враќаат јагулите на мрестње во една вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Не грижи се! Опасното помина. Нема кој да му се спротивстави на Бен Али - се обидов да ја утешам, но и себе си!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во себе си велеше: само нека е за арно!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се врати пет – шест години наназад и се виде себе си како води љубов со Билјана, најубавата девојка во генерацијата во школското ве- це кое мирисаше на лајна и амонијак.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Изгради гроб, мермер, и за себе си остави место до неа. И за сличе остави место.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мораше да е тоа само изјава за да се одбрани себе си од стравот, од она што тој го сметаше за опасност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А, ако ти е све преку Тасе, плус, рецимо, ти се свиѓа ова што е погоре кажано, па уште ако се пронајдеш себе си у мотивите на мојата маленкост – Митре Стрелата, ти си дефинитивно спремен да го дигнеш сидрото и да се запрашаш: „Бабо, бабо, а кај да се отиснам?“
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дојде на собранието и селската испустеница бабата Тода, а кога Митра ја виде се понамршти и за себе си рече: „Ата да а најде, ошче она беше кусо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И во нејзината глава веќе има мисла како треба да ги соса бабата Петра, нејзините внучиња и нив двете, мајка си и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кокошките ќе се раскокодакаат, ќе претаат со нозете, ќе ги шират крилата, ама не ќе можат ништо да сторат, ќе дозволат да бидат однесени во просторијата под плочата каде што Чана веќе приготвила легало за неа и за нејзините пилиња веднаш до другата просторија во која ја смести својата мајка , нејзините бовчи и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сите беа зафатени со себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Совладана е и остварена желбата, онаа постојана опседнатост и долгот кон себе си, кон своето пеење што еве сега ја здогледува светлината на денот.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И какво фајде од манастирската осаменост Кога отсекогаш ве учеле да се препознате себе си Во присуството на другите?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Од каде знаеше дека ова ќе нѐ снајде, врагот да те земе... Тој им рече: - По себе си...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се бегаше, само се бегаше, од своите, од себе си, се бегаше без оглед каде ќе се стигнеше, само да се избега од родната земја…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Зошто уште молчат нашите? - рече во себе си. - Зар ќе дозволат да ги одведат в логор?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ако сака да биде искрен кон себе си, не би можел да тврди дека воопшто очекувал ваква покана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И, барем да ги рашетував тие глупости онака, за себе си, само за занимација; а јас шлап! Право нему в лице!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зар по цел ден со очите ќе шарам по небото и со денови ќе чекам да се вратиш? Да плачеш и да не запираш!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ова се вика жирафа. - Жирафа, - вели и Зоки, а во себе си шепоти: „Штрк, жирафа...“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Татко ми, како секогаш откога се разболе, молкум читаше во фотелјата, со грб кон вратата, далеку од куќата, во ужасната осама со која се мачеше себе си и другите, во која тонеше упорно, тврдоглаво, обземен од сопствената слабост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да научиме да гледаме, слушаме, мирисаме, да ги вкусиме најмиризливите зачини на животот, да бидеме шармантни, харизматични, лесни како воздухот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да се лажеме самите себе си, каква небулоза, каков кукавичлак!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Несвесна пародија која го обесчестува човекот, лажат луѓе без чест, без лице, манипулатори, но тоа е морничава заблуда, стапица не за другите, туку за нив самите, порано или подоцна самите ќе се фатат, само што тогаш ќе почуствуваат гадење од самите себе, омразата уште повеќе ќе им расте, омраза кон сопствената мизерија која самите си ја плетат, како совршен простор за сопствените лажливи дела.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ние и меѓу себе си велиме така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Та каков е овој живот, празен и тажен, ладен и безвреден, како празен предмет врз мене лага блуе, се мразам, се презирам, што самата себе си се газам.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
И како за оправдување на мојата немоќ и неукост во себе си велам: тука, драги Џим, секој си има свој крстоносен пат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неколку дена заедно сновеа, заедно пееја. заедно мечтаеја и борбени песни пееја за Македонија, ама остана лути многу разочаран кога виде дека командата на македонската војска од вардарско одби да ги прими младите Костурчани кои масовно сакаа да ѝ се приклучат и се чудеше и се прашуваше и себе си и другите зошто некој не сака да се направи една македонска војска?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од дното на пепелта се раѓа таа муза тој од на тајните сини. Сонувајќи го него се видов себе си.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
И тој уште од првиот час реши тврдо во себе си при прв случај да му каже на Белича да се вратат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Додека секавиците прават ден во одајчето и таа може убаво да го здогледа своето девојче како мирно и слатко си спие, таа во себе си вели Нели еднаш ѝ простив на Мајката над Мајките?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Перса повеќе како да си зборуваше на себе си, чиниш мислела дека сето тоа не го кажува гласно, туку го мисли во себе, оти одеднаш се сепна, молкна и рече Ништо ништо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гледајќи како се оддалечува Чана, а никако да ѝ се смали фигурата, Пелагија се прекори себе си за лошата мисла што ѝ го жегна срцето Не, не, нашата врска е посилна дури и од онаа што ме врзува со мојата Добра!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Малечката Пелагија воскликнуваше од радост додека ја капеше мајка ѝ, а пак Пелагија додека ја сапунисуваше се прашуваше себе си дали и таа на тие годинки ја имала истата снагичка?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Крени ја главата, ќерко, ти никому не си згрешила и од никого не треба да бараш прошка кога си простила себе си со раѓањето на едно вакво прекрасно суштество каквоа што е Пеличка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имав само многу кратки моменти на среќа и многу ретко бев задоволна од себе си.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Каде да отидам, каде да залутам, знам – никаде од нив себе си не ќе се скријам.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)