себе (зам.) - му (зам.)

Кога закрепна во болницата, кога можеше сам да оди, пак умот му појде на гајдата и усните сами од себе му се собираа и свиркаа; свиркаше и кога на болничарот му помагаше да ги внесат ранетите во болницата; свиркаше и кога му помагаше да ги носат на операција; свиркаше и кога ги враќаше од операција; свиркаше и кога некој мртов ќе го вадеа од болницата; свиркаше и кога ранетите исполегнати на дрвените кревети офкаа и се грчеа од болки.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во турнирската сала, пред очите на тиха публика, тој ги смислува, како сосем отсутен од стварноста, своите потези или пак прошетува со одмерен чекор меѓу шаховските столчиња, погледнувајќи ги позициите на другите табли, а изразот му е задлабочен, продуховен, и некако само од себе му се налага да ја чувствува својата важност и како случајно да погледне во публиката сакајќи да види дали се одразува на неа сугестивно тоа негово чувство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Редот сам од себе му се наметнува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тоа се забележуваше кога ќе почнеше да зборува со женски: говорот и манирите сами по себе му се прилагодуваа на нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На шестото новороденче во таа година црните подбивачи сакаа да му дадат име Сирак, но попот го запиша во црковната книга како Никита Марко Проказник, на задоволството на Јага Перуника, им се тргаше од пат на разубавените селанки и со стара ракија во бокалче пред себе му раскажуваше на најстариот, на Богдан Јанков со козји уши и со господови тајни во себе, за природата, за Чарли Краков, за гасениците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А тие, ако му накривиле нешто на животот, за себе му накривиле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Самиот себе му дојдоа мелодијата и зборовите од песната: Ако тебе јас натпеам, Ќе ти земам градината, Со се цвеќе, со се тебе...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И тој сака да го стори тоа за својата сакана, но умот му го брка прашање што самото од себе му се наметнува, и го прекинува и збркува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)