себе (зам.) - чувствува (гл.)

Додека Тамара нешто раскажуваше, таа воопшто не ја слушаше туку во себе чувствуваше многу силна мешавина на лутина, возбуда, разочарување, вљубеност, бес, љубомора, очај, повреда, радост што го гледа....
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, кога тој се појавува, беспомошен млад човек, облеан со солзи и со болникаво бледило, наспроти сиот бесен врисок на мнозинството околу мене, во себе чувствувам некоја нејасна сродност со него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Знаев, длабоко во себе чувствував дека е човек со големо срце, во многу моменти го покажа тоа, сакаше да дава, сакаше да направи за некого нешто, но истовремено многу уживаше во пороци, во работи кои прво треба да се заслужат, во пари кои прво треба да се заработат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Длабоко во себе чувствуваше дека влегува во некој свој незавршен судски процес.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не знам, но длабоко во себе чувствувам како да сум искинат лист од неговиот споменар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Митра ги слушна сите зборови што ги изговори Чана и во себе чувствува некоја посебна среќа и гордост.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)