себе (зам.) - зборува (гл.)

Нешто зборуваат, не се гледаат меѓу себе, а меѓу себе зборуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу себе зборуваа, па и се караа, за националните и за либералните, како секогаш, па дури и за водата се замераа, кој што повадил и колку потрошил, дали се искапил или испрал, дека волојте пијат повеќе од козите, или овците повеќе од кокошките, но сето тоа си остануваше нивно и меѓу нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не е никакво чудо, после сѐ, ако за себе зборува со најголема можна претпазливост, со шепот, честопати во трето лице; ова кутро суштество е сосем свесно дека е сопствениот дедо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Јас не сум тој, јас не сум интелектуалец, јас не сум дисидент, јас не сум европеец, според тоа моите хемороиди се поинакви, оти секој газ е поинаков, мојот газ е балкански во секој поглед; кур ме боли мене за неговите хемороиди, и така натаму,“ здушено во себе зборуваше Круме Волнаровски и офкаше од болка додавајќи: „Ќе ги искорнам со прсти, нека истече лошата крв со гомната, да се ослободам од оваа мака, од оваа тежина, и така натаму.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)