се (зам.) - роб (имн.)

Што дека се тие господари? Оној онбашија, оној муљазим, зарем и тие не се робови? Робови на робовите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И сепак тој се чувствуваше нешто погоре од чифчиите, подолу од бегот и беше доволен со својата положба, бидејќи и тој можеше да ги псуе чифчиите, да ги кара, па дури и да протепа по некој кога бегот беше отсутен, да не заборават оти се робови — измеќари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)