се (зам.) - почести (гл.)

Се почестија по една две ракии, се омезија и бегот напна да стане.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве баш викендов решивме со Јасна да си се почестиме со еден „Твин Пикс“ видеомаратон, па за таа цел отидов до локалната видеотека, којашто поседува отприлика 40.000 филмски и телевизиски наслови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И пазарот се свршува докај ужина, но нашите свадбари ќе преноќеваат и оваа ноќ, да се почестат и вечерва со тава риби, оти света Петка не дава мевце. A за винце — пак ќе се напијат, ако им остане по некој динарец од денеска, ако не, ќе запише Селчанецот, тако што запиша и Мечето од Пушмарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Немало место во рејсот, па остана кај мене. Па сега седнавме тука малку да се почестиме.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Биди слободен, мајка Б'лгарија има еден залаг леб за вакви како нас. — Го утеши Јован и, откако се почестија сите, ги покани Толета и Митра кај него на гости додека се сместат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)