се (зам.) - потресе (гл.)

Европејците се потресоа и се ужасија од тие известија и зафатија да им го укажуваат нужното влијание на своите влади за да се пресече колењето на мирното население и да му се помогне на несреќното македонско жителство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се исплашија од нешто невидливо кое само тие го насетија. Потоа се слушна како скрца ковчегот, како се потстресе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одеднаш просто се потресов и од самата помисла.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но, самиот се потресе кога еднаш се расплакав над една негова песна на која сѐ уште не беше стасал да ѝ ги стави своите иницијали.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас кога размислив подлабоко, дека вујко ти е причина за смртта на татка ми, длабоко се потресов и се покајав што така непремислено ти предложив.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И наместо таа – Мигар – да повлијае на Анѓа и да ја наговорува да се потурчи, Анѓа нејзе и откри една вистина од која оваа се потресе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Душата на сите ни се потресе и возбуди.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Експлозија! Куќата се потресе, тапо одекнувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)