се (зам.) - пее (гл.)

Kaddish тука, молитва во ритуалот на оплакување при погреби и помени; инаку, важен дел од централната молитва во синагогалната служба чија централна тема е величанието и светоста на Божјото име Kilao noe песна што задолжително се пее на пасхалната вечера (седер), со значење: „Нему му припаѓа сета чест и слава”
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се пее до коска и подлабоко, се пее дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната, еве, сепак успева да го развее знамето на својата победа, но и на своето самопредавство, капка по капка, стих по стих, истекувајќи во две тишини (“една мала, во која те сонувам / и чекам, и една голема / во која исчезнувам“).
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зад сека грмушка се крие идеалот за збогатување набрзина, зад сека грмушка на оние кои се стискаат да не се измочат в гаќи силници им ги превртуваат џеповите и кога нема да најдат ни петпаре од бес ги плескаат по газовите, ги влечат за уши, им бркаат во очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се пее и игра хармонично со совршенство, стилизацијата на игрите е апсолутна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од таа гледна точка, новата народна уметност по ништо не се разликува од култот кон народната уметност во комунизмот, кога се правеше истото, само што наместо за мобилен телефон се пееше за тракторот како врвно ново божество на рекордерството и ударништвото, па на новоредените женски деца им се даваа и „адекватни“ имиња – Тракторка, на пример.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем рече: „Слушај како се пее“ и почна одвратно да рика некаква инаку нежна, љубовна песна, почна да се удира по влакнестите гради (носеше и огромен, крупен златен синџир, околу вратот, со крст, оти тогаш беше модерно да се декларираш како Христијанин), така што сите мораа да прифатат, оти за нас тој беше власт, а кога власта пее, ти и ќе пееш и ќе играш. И ќе маршираш на љубовна песна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа плоча сега се слуша и таква песна се пее“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- А на кој глас ќе се пее? - Па, синко, на тој, кој дава пари.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ќе ти се пее - плачи. Кога ќе ти згреши жената - удри по децата; кога ќе ти згрешат децата - удри по жената.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Обидете се да им објасните што е тоа казино или „Ермитаж“* со цигански хорови, или московските пивници, каде што се испива море од пиво и каде со хармоника, се пее песната за разбојникот Кудејара: ...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само што ја отворив устата и почнав непристрасно да раскажувам, во очите на моите слушатели засветкаа толку весели искрички, што јас веднаш се навредив и смолкнав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А дали се пеело со бигор, со катран во срцето, ама ете - не смееш да плачеш...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На ваква несреќа не треба да се плаче, вели Уља, туку да се игра и да се пее околу гробовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во олку матно време не се пее само за поскури.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ој ти тебе ѕвездо вечернице уште мене јунак не познаваш... (Се пеело.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Само, мака ми е... - Мачно е да се продолжи кон Лесново, знам, Полесно е да се пее: Црна земјо, штура земјо, зошто си се отворила ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Гиневме ние, гинеа Бугари, но најмногу изгинаа Македонци, и тоа какви Македонци.“ (Од говорот на др. Јордан Аќимовиќ во Народната скупштина во Белград на 15-11-1938 година).
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзале, мислиш ги чека ан во кој уште од есенски ноќи крцкоти оган и во кој ќе сретнат луѓе што ширум го оделе светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина имал бела коса, бели веѓи и бели клепки; ситната муцка му била зајачка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(...) Тој иредентизам, во област во која на бадник спонтано се пее O, Tannenbaum!, овозможува одличен пример дека наречјето, наследната конституција или традиција не спроведуваат над поединците апсолутна моќ која инаку на тие чинители им ги подаруваат науките за човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Старите партизански, обединувачки маршеви и натаму се пееја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ех, намилост си ја викам ЅВЕЗДО МОЈА и си се приспомнувам на ѕвезденото моминство... а ДЕНИЦА - секој ден да ни е денот - светлина... саде убавина - си шепоти стишено, небаре песна пее - не бидувало гласно да се пее пред Воскресение Христово.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сѐ што беше да се пее: за фаќањето на Ристоса, за распинањето, за закопувањето, за влегување во пеколот од каде го извади Адама, та и за самото негово воскресение се пееше цела недела пред Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не секогаш како што се пеат други песни, туку понекогаш, често и еднаш на неколку години, но не се заборава.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таков бил и Луман на кого луѓето до селото под Пелистер му испеале песна што и денеска се пее и го чува споменот за човекот што го заплашил народот и за едни добри луѓе што биле комити ѝ му платиле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури еднаш подоцна, ни самиот не знам како, ја чув и песната што во Брезница се пее за Луман арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не, по таму, во едно наше село, таа се пее.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така еднаш брезничани, зашто селото каде што се пее оваа песна се вика Брезница, заприкажуваа за Лумана арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Меѓутоа, постои и номадството на сиромашните, и не можат да се пеат фалоспеви на демократијата и пазарот а едновремено да не им се допушта на луѓето да одат да живеат кадешто сакаат, без принудите што ги претставуваат границите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
ЃОРГО: Коџабашијата Панко со заптии! (Сите уплашени.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Со песната и се пее, и се плаче! (Почнува да пее, сите го придружуваат.) Болен лежи, млад Стојан, болен лежи, ќе умре, над глава му младата невеста с’машко дете на раце, солзи рони, солзите ѝ капат на Стојаново лице...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се' то помина се' то замина, слободно знаме наше се вее, песна за Славеј сегде се пее: „Шири се шири, Славеј Планина! “
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
-Така беше и кај нас – пак тивко дофрли Зоја. – Само за него се пееше, за него трубеше трубата и удираше барабанчето и на сабајле и на пладне и на зајдисонце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Завршивме во едно како импровизирано кабаре. Се свиреше на гитари, се пееше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)