се (зам.) - опијани (гл.)

И рече дека денес, откако јас сум се опијанил, ѝ пришол Фискултурецот и ѝ рекол да појде со него до Велес, оти по пат треба да ѝ го соопшти решението на централниот комитет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеш ли да направиш чардак, да викнеш чалгаџии и да се опијаниш само од миризбата на цветовите? Секој цвет си има своја миризба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога љубопитните ќе го запрашаа зошто тоа го прави одговараше шушкаво: да се опијани змијата за да не избега.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Кај си ти? Нели отиде со татка ти? - Не отидов. Улав е. Се опијани и ме избрка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стои мирно Карамба-Барамба, а сенката им се криви на луѓето издолжувајќи го со прсти сопствениот нос; чекори Карамба-Барамба, а сенката пијано се ниша зад него - нашла негде ракија и се опијанила!
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Некои офицери ќе се опијанат и ќе одат по селата со војниците, ќе крадат, ќе земаат и ќе напаствуваат жени. Жените ќе се драскаат со војниците, ќе припискуваат. 139
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И отидовме: ќе ја земеме Велика. Ама сватовите се опијанија и заборавија колку има, колку нема, што им треба, и што не им треба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само да види шише или паурче и ќе го фати, ќе се опијани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)