се (зам.) - нагоди (гл.)

Можев да се нагодам за некоја новела. Раскази пишував.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога надлежните органи го прекориле со зборовите: „Ама, бре Сталине, пак ли ти!“ тој ги смирил со податокот дека со Белгијанецот, стопанот на кравата, бргу се нагодиле.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дали успеала да се нагоди со Господ или со Лена околу тоа како треба да го живее животот?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Некои успееја да се нагодат со новите сопственици за да се преселат во нивните поранешни живеалишта.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)