се (зам.) - молкне (гл.)

Пелагија го кажа само најважното, другото може и да не се каже, она што го кажа тетка Перса за неа, Чана одамна го знае. И требаше да се молкне.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Некогаш ми се молкне срцето по него, некогаш не знам кај ми е. Се борам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве неколку дена кај се турка по возеви, преполнети да не можеш место да најдеш, застанат повеќето во коридорите, каде што се молкнат со карање луѓе, слегувајќи и качувајќи се меѓу куфери.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се молкнам вака накосо, со рамото напред.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како господар на таванот се молкнеше низ него.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вредно било, непроценливо дури, оддолжувањето на јазикот со збор пред да се молкне.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)