се (зам.) - измолзе (гл.)

Овците да се припуштат, кравите да се измолзат да не прегорат, оти телињата во прво време не можеа да ги исцицуваат убаво.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Значи од оваа наша крава, сепак, може да се измолзе нешто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Заборавила што сум ѝ сторил и што таа сакала да ми стори. Умеам и да ѝ се измолзам меѓу прстите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)