сам (зам.) - себеси (зам.)

Ред и логика меѓу нив и не можеше да има, зашто материјата и духот, квантитетот и квалитетот, суштината и формата, по тоа сфаќање, се апсолутно раздвоени, идентични сами себеси или се само ствари, или само појави.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Како да ти се моча, од сосема разбирливи, природни причини, но ти да изјавуваш дека од општествени причини не ти се моча; беше тоа еден вид противприроден, но затоа, општествено пожелен блуд со самиот себеси.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сам себеси - светец, сам - анатема.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Човек преку практичното дејство врз природата ја откриваше оваа за себе и во себе, своите мисли и своето познавање на природата како реализација на самиот себеси во неа.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
- Самиот себеси се измамуваш.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Хуго Клаус повикува: сам себеси избери се за сопствено пристаниште.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Па како сте денес? Но, како тоа Томо се прашуваше самиот себеси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еднаш, кога се врати птицата во залезот, не го најде осамениот човек па долго надлетуваше над неговиот двор, прошета низ пирејот, и не можеше да го препознае човекот, цел живот што ја препишуваше земјата врз себе, ноќе што го препишуваше морето од птицата: тој стоеше потпрен, речиси – исправен пред својот дом, скаменет, спокоен - сам себеси син епитаф.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)