сам (зам.) - себе (зам.)

Па да видите, сакале или не, вие се позапирате и сега сосема сериозно, сами себе, се прашувате: - Таа беше или не?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе ја минува речиси напуштената граница, вардена од самата себе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иако ми беше непријатно од тоа што ми го рече Госпоѓа Изабел јас не можев да одам против самата себе, не можев да ги сопрам моите чувства што одеднаш надојдоа како некоја буица, немав време да размислувам за ништо друго освен за нас двајцата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој оттаму не се плашеше толку од козите колку што се плашеше од самиот себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
После ќе ми дојде самата себе да се удрам по глава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Постојано сум мислел дека објаснувањето за неуспехот на претставата со тоа дека публиката ништо не разбира- значи да се лажеш самиот себе“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Некој секогаш нема храброст да ја помине тенката линија.. но една насмевка, едни очи, се тенката линија која ја поминувам без приговор од самата себе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Еден туѓинец, еднаш, знаеш што ми рече?! - Ти си заљубена, затоа си така замислена. Ама заљубена си во самата себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)