сам (зам.) - се (зам.)

Ако човек не знае чија е нивата, се чуди и се дума како одат оние снопови сами и сами се прават капици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Впрочем, и самата се изменив, повеќе не сакам да ми телефонираат од дома и да ми кажуваат страшни работи, на пример на Осиек дента паднале 500 гранати.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, самиот се потресе кога еднаш се расплакав над една негова песна на која сѐ уште не беше стасал да ѝ ги стави своите иницијали.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нѐ бесат и самите се бесиме меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ој ти земјо пуста да си од тебе сме пак во тебе ние сите ќе влеземе да ни јадеш бели меса да ни пиеш црни очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стресувајќи се за миг заради она што се случило и она што можело да се случи, Онисифор Проказник го видел пред себе другиот Онисифор, изменет, со крваво чело, помал отколку што можел да се намали од студот. И самиот се намалувал од својот јад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, сполај ти на правдината што си ни ја подарил, липав во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нито писмо праќа, нито сам се враќа, само ми го прати својто бело коњче. На коњчето седло, под седлото писмо, во писмото пише: „Омажи се, Маре, омажи се, Маре, и јас се оженив, и јас се оженив за црната земја, за црната земја, за Македонија, за Македонија, земја поробена.“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Не стана готвач? - Сам се унапредив. - Предо, каде е маштрабата? Да се чукнеме со другарчево од војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Подобро би било да не го присетуваме на тоа. - Кога би можело, ама тој сам се наденува.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Те начекав на тазе боза. - Кај чичко Лазе сѐ е тазе.  - Азис сакаше да го викаат Лазе, па така и сам се викаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Затоа јас тебе не ти се лутам што сакаше да ме исплашиш. Ама ти самиот се исплаши.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Командирот Планински ја зеде машината и напиша: „Драги Тале, како што ни јави, напладне ги пречекавме „сватовите“ и убаво ги дарувавме, заробивме двајца Дојчовци, а еден Италијанец сам се предаде.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Сам се предаде - продолжи Горјан. - Сака да остане со нас и да се бори и тој како партизан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Знаеш, сѐ она што го зборувам за него, за Семјон, за рускиот човек што ти беше татко, кој и самиот се чудеше колку е Русин бидејќи мајка му била Украинка а таткото Козак, само е делче или така да се изразам најмалото делче од вистината за него, бидејќи тој, покрај мене помина без да го допрам; тој беше, ете, да не должам, една голема отсутност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Како ќе го криеме, братче Доксиме, велам, и кај ќе го криеме кога не знаевме каде е. Само се криело, велам, не чекало на нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може некој да го убил или сам се убил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)