оние (зам.) - редок (прид.)

Или, во оние ретки пригоди кога се обидуваат да ја објаснат, склони се да зборуваат на некој домороден јазик што ѝ е присушт на таа геј- култура што се обидуваат да ја објаснат, служејќи се со домородни концепти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја сакаше исто како оние ретки луѓе, со кои што можеше добро да разговара и сега ја жалеше што беше така незгодно посрамотена пред него од она со Претседателот ноќеска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно утро видов дека Цецилија ги има отворено ширум прозорците – беше едно од оние ретки утра во тоа лето кога дуваше ветре - и завесите излегуваа надвор, како бели крилја се пружаа кон улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Влегов во зградата, се качив на спратот, заѕвонив на вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)