оние (зам.) - негов (прид.)

Ѓурчин навистина знаеше да произведе околу себе чудесна ведрина што разбудуваше некој топол ветер околу размислите, околу надежите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таквите литературизирани судбини во одделни литератури имаат своја богата традиција и претставуваат долгорочен национален интерес и системска програма во творештвото.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го опфатила и неподвижноста на малото, кусоного, волнесто мече, со сите оние негови несмасни кружења околу стапицата, кое било физички сосема слободно и можело да замине понатаму, каде сака, или барем малку да отстапи од тоа колнато место, малку да се подисплаши од човекот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му се приближуваше со оние свои огромни скокови, од чии што удари потреперуваше, протатнувајќи, сета земја, и Змејко сега можеше со свои очи да види како оние негови завиорени в страна огромни заби ги делнуваат како завиорени сабји доста дебелите стебленки на дрвјата, што му стоеја на патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денес многу човечки ми се чинат оние негови храбрења и довикувања по мачниот пробив од октомвриската заседа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе тврдам дека преобразбата на хомосексуалноста од сексуална перверзија во општествен идентитет и самите политички потреби на геј-гордоста се увојничиле против секакво сериозно геј-испитување на внатрешниот живот на хомосексуалноста – особено на оние негови несексуални димензии за кои хомосексуалците сѐ уште не се сигурни или кои сѐ уште им предизвикуваат нервоза.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно не нѐ видел, сигурно беше едно од оние негови таинствени, големи скитничења...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во богатото и разнородно книжевно дело за деца и млади на Ванчо Николески, во недоброј убави и толкупати недоречени и незавршени страници од писателовата идеја и мисла, по неговиот знак на препознавање „Волшебното самарче“, секако и романот „Гоце Делчев“ е во редот на оние негови дела по кои ќе го познаваме и помниме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)