оние (зам.) - лице (имн.)

Видов како се скина торбата што ја носеше една старица, и јаболката испаднаа од неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Покрај нив, право на парична помош имаа уште четири други категории невработени лица: жените корисници на паричен надоместок за време на бременост и породување, лицата кои посетуваат стручно оспособување или преквалификација, лицата на кои работниот однос им престанал поради стечај или редовна ликвидација на организацијата во која работеле, како и оние лица со повеќе од 25 години стаж на осигурување (чл. 19, 21, 23 и 36, ЗВ).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ги загледував среќните лица на луѓето по улиците; во оние лица кои имаа несреќен поглед, и спуштени усни, го препознавав своето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
4. Комитетот ги смета како непријатели не само турските власти, но и сите оние лица што на било кој начин му пречат на неговите работи и посредно или непосредно му нанесуваат штета на народот и на неговото ослободително дело;
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Непосредна цел е да се расветлат некои прагматични одлики на машката геј-култура и да се опишат облиците на субјективно искуство или колективните структури на чувствување, кои особените начини на интеракција и комуникација ги пројавуваат или ги предизвикуваат кај оние лица, било да се геј било да се стрејт, што учествуваат во културата составена од такви генерички практики. ‌Сигурно би било возможно оваа постапка да се примени на конкретни подоблици или видови на машката геј-култура – етнички или расни или национални или генерациски или сексуални – и да се определат, да се опишат и да се посочат генеричките одлики што ги определуваат латиногеј-културите, или еврејските геј-култури, или геј-културите на работничката класа или геј-културите на глувонемите, или нa садо-мазогеј-културите или на дрег-геј-културите, или на геј-културите на американската урбана младина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ваквото дополнување е направено во насока на дополнителна заштита на лицата во работен однос и барателите на работа од отсуството на културата на толеранција на некои од работодавачите кон оние лица кои не припаѓаат на иста етничка група како нивната, која може да има сериозни импликации по нивните права посебно во мултинационално општество како нашето.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)