оние (зам.) - девојка (имн.)

Косата уште му беше речиси исто толку руса и густа колку и во младоста – колку само ја сакаа сите оние девојки во Југославија кога одеше таму на одмор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Такво беше нашето време, времето во кое израснавме, а Сара, Клара и јас знаевме многу повеќе од повеќето наши врснички – понекогаш ѕирнувавме во некои од медицинските книги на таткото на Сара, понекогаш ќе наслушневме нешто во салонот на Берта, понекогаш Клара ни пренесуваше нешто што ќе дознаеше од Густав, или од жените на кои им помагаше да се снајдат во животните невољи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Невиноста беше идеал заради мажот: оние девојки кои остануваа немажени, стануваа предмет на потсмев, а невиноста, идеалот на векот, се претвораше во срамен остаток, како да е некаков неприроден израсток, затоа што немаше кому да биде принесена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се поднасмевна кога се сети на својот Харли, секогаш со две дисаѓи – едната за алиштата, а другата за гитарата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Својот восхит тие го пренесуваат и на девојката што иде со нив, една од оние девојки кои самите не студираат ликовна уметност, па ниту нешто прочитуваат за таа гранка, но затоа дружејќи се со уметници неусетно стекнуваат завидно познавање на ликовната терминологија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)