онаа (зам.) - страна (имн.)

Некои стари пизми на оние од оваа страна и оние од онаа страна на реката се замешаа со нови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сите тие живееле таму, од онаа страна на реката, каде што живеам јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знам колку има значење, но гледам дека не е и без никакво значење што потекнуваш од онаа страна на реката, од местото на познатите крвави гумниња на кои со години вршеле твоите Кочови предци?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сликата ги покажува необичните склоности на неколку генерации на тогашното, политички толку хаотично раздобје во Европа: склоноста кон настраното, ексклузивното, екстраваргантното, скриеното од онаа страна но постоечко во рамките на физичката, „природна“ стварност, па и за издвојување од друштвото, тежнеењето кон една посебна аристократска позиција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од онаа страна владеат парите; тие се основа на сообраќањето и денес исцело не ни недостасува некаква критика на марксизмот, туку една модерна теорија за парите која ќе биде на нивото на Маркс, и која ќе го надополни (попримерено би било да ја втемелат банкарите отколку економистите, иако Бернард Шмит на тоа поле прилично е напред).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Младичот од онаа страна на улицата со гримаса на устата гледаше во овој чувар на редот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Грдан ја одложи чашката и се подмести за изненадување, иако изненадувањата на Грозда секогаш доаѓаа од онаа страна од која најмалку ги очекуваш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Долго гледаше на онаа страна, кон Рамни Ливади, а потоа ги крена очите кон небото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По звуците што доаѓаа од онаа страна на поточето, сфати дека кучињата веќе се фатиле со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа интересирање може да се доведе во врска со (како корозија) гадното абење на уметничкиот јазик, кое Дишан го признаваше откажувајќи се од „сликањето“, заплеткувајќи ги сѐ повеќе традиционалните конотации на уметничката постапка и стремејќи се кон (менталниот и оперативниот) постојан „развој“, од онаа страна на зачмаените и утешителни „суштини“ за „делото“ како објект.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не можев да сфатам во што сум живеел, во каков кафез; не можев да сфатам дека таа лажна граница на космосот што ја поставаат системот, политиката, општеството, сведувајќи го целиот раскошен космос на три зони: секс, политика и економија, може до толку да ги затапи сетилата на човекот, та овој да престане да го гледа невидливото: подвигот, она зад онаа страна на нештата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ќе седам,“ реков, местејќи фотеља до креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И покрај тоа што во тие триесетина години по моето враќање дома некако се зближивме, меѓу нас остана трагата на некогашната омраза, и нешто не ми даваше да легнам покрај неа, на онаа страна од креветот на која, до својата смрт, лежеше татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Покажал со рака на онаа страна на која мислел дека е нејзиното село кое не можело да е далеку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без трепкање го гледала. Млак ветар си поигрувал со едно нејзино темнозлатно перче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Денот беше еден бесен налет заискрена белина, како бран, како еден бран од виделина, удрен во челото на онаа страна од планината, по чијшто грб се искачуваше тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тој ги корнеше и ги префрлаше тие камчишта на сината месечина, ги заџидаруваше сиот извиен под нивната тежина, ги беспокоеше мртвите во она свое крваво беснило, од онаа страна на разумното, за кое што сепак ниеден од нив не промолви ни зборче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Посебни денови се саботите. Некому викенд, нам главен пазарен ден од онаа страна на тезгата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Понекогаш ќе ја поткренеше главата фрлајќи го погледот на онаа страна каде завршуваше улицата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот Ѕид на сонце Ѕид што се поместува
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот Ѕид прегратка Ѕид за кршење глава Ѕид магија Берлински ѕид Ѕид фуснота Ѕид без ѕирка и проѕирка Ѕид пророк Алтернативен ѕид
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Ѕид за мочање Ѕид палета Пијан ѕид Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот Ѕид што зборува Ѕид што молчи Осамен ѕид Ѕид воздишка Јас ѕид Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Поздрави, овие го отпоздравија, а тој седна на онаа страна на клупата на деда Најда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од ноќвите, од онаа страна до мијалката, извади сомун леб, ѝ го подаде на средната ќерќа, Мара, да им го даде, а таа остана кај мијалката да го оплакне котлето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се сврте на онаа страна каде што отидоа децата, но кога не ги виде никаде наоколу, рече: - Ама го видов ли јас и она Мартина со нив или така ми се стори!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го кревам огледалото за да си ја соберам косата, да ја запетлам и се вртам кон онаа страна од кај што ме огрева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој ден Билјана седеше крај прозорецот и гледаше на онаа страна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)