онаа (зам.) - ноќ (имн.)

Таа знаеше дека тој се наоѓа пред најзначајната одлука во животот, по онаа ноќ кога реши, сите заедно, да ја минеме границата на Езерото и, засекогаш, да станеме емигранти на животот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Гамену, зошто ме повика и зошто дојдов во онаа ноќ со тебе?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А за онаа, западната, ништо не се знаеше, оти ниеднаш вратата нејзина не беше отворена од онаа ноќ кога отец Мида, неколку часа пред да се упокои, го внесол во неа умножението на записот и ја заклучил клучалницата нејзина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ниту еден јазол не врзав, до онаа ноќ кога согрешив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како што разговорот што го слушнав и светлината што ја гледав она попладне кога се откри неверството на Луција во џипот, во тоа сум убеден, не беа исечоци од мојот живот, туку од некој друг; тие, тоа попладне не ми припаѓаа мене, по истиот начин како што не ми припаѓаше ни телото на Луција онаа ноќ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Можеби ќе ме одминат и вечерва“ - си помисли, сеќавајќи се на онаа ноќ кога волците се јавија со својот виеж откај Гола Глава, а потоа се изгубија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Е, сега, слушај ме внимателно. Во главата сите ние имаме безброј мисли. И секоја си оди на своја страна. Кога си расеана, тие прават што сакаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Доволно е само да помислиш на она езерце, на пример, знаеш, каде што бевме онаа ноќ, и веќе си таму. Не е ли така? - Така е – признав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кај берберот Среќко го слушале како ломоти (и тоа после онаа ноќ што ја проведе со мене) дека за прошетка се подготвува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во Германија го чекала некоја русокоса.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога по онаа ноќ се освестил, веќе бил далеку од смеата на душманите и се чудел зошто го болат коските и зошто е без мантија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто да лаже кога навистина не знаел ништо?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видливо поистоштените останале да спијат по слабата вечера кој каде, во своите двоколки или во некоја плевна, или пред штала во која добичињата си ги плеткале роговите над грст сено, половината отишле со Онисифоровците да ја пребаруваат шумата над селото, за стражари биле определени Лазар Аргиров, Јован-Стојче Столетников, Никола Влашки и Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ноќта дошла побрзо отколку што очекувале, онаа ноќ бескрајно моќна да ги сокрие арамиите, заљубениците и грчот на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дали во онаа ноќ, минатата година, со едни исто силни дождови, тој, Господ, им ја покажа оваа мутла на градот како најбезбедно местенце?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Страшното рикање на брановите, таа силна бура онаа ноќ кога дојдовте на свет, тој голем страв, неизвесност, се губи мигум во оној час кога вашето светло, леко крило ќе го допре маѓепсниот бескрај на пространството.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)