овој (зам.) - млад (прид.)

Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потем се созеде. Ме погледна зачудено и му се обрати на својот министер: - Кој е овој млад човек?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фатил пријателство со мулазимот од кашлата, со ќатипот од конакот, та дури и со стариот Мудур Арслан — беј; и зошто овие ќе го искористат овој млад човек ако не за кодошлак кај мариовките?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој млад човек му се допаѓаше на Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ваквиот предлог на Ѓорѓе предизвика позитивен ефект кај двете дами кои немаа ништо против галантноста на овој млад џентлмен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)