овој (зам.) - век (имн.)

Поможи ми, мори мајче! И на вој век и на тој мајка ќе те знам. Земи, земи, одврати му ти вода, јас ќе му пеа љубовна песна, белки ќе го нападиме натемато од него, да се прибере, да си го земиме воа сиромашчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој тевтер, или повеќе истородни тевтери, со сигурност се знае, во Потковицата суштествуваа до почетокот на педесеттите години на овој век, односно од времето кога присилата за колективизација многумина од Потковицата ги распрска на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По првата половина од овој век, првата од овие опасности практично исчезна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овој јазик зачува сѐ што сметавме дека е вредно пред социјализмот (од кубизам до надреализам) кога постоеше континуитет на развој со остатокот од Европа од почетокот на овој век.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Повторувал - светец, посник. - Светец, воздивнала со прекорно сомневање игуменијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Минало времето на светците, синковци. Овој век е поинаков од оној вчера.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во триесеттите години се обидува да се доближи до официјалната идеологија и го избегнува прогонството во Сибир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Член на авангардната литературна група „Серапионови браќа“ од почетокот на овој век.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само леб да не бара, оти леб нема и овдека, на овој век, ваму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овој век ми помина без него, ми рече, и оној нека ми врви без него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)