овие (зам.) - работа (имн.)

Митра донесе венци, вино и поскура. Стојо го истркала бурилцето на сред земник; ги кладоа на него овие работи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Дали можат да се откупат некои од овие работи? - праша едниот. - Да, како на прва изложба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ти ќе ги редиш овие работи, кога врбата ќе роди грозје! Разбра ли?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Зошто?“, го прашувам јас. „Не знам“, вели, „што се мачиш со овие работи. Да ти треба гробов, ајде де.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Американците за разлика од нивните имењаци со предзнак јужно не се заебаваат со овие работи и нѐ снимаат со драмска секција од осмо-Б плус надежни манекенки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Се препотувам кога мислам на овие работи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ПАНДЕ: А, може и за нешто друго да враќаат!... Со очи видов луѓе вратени за овие работи.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А вие, браќа мои, “ - им се сврти на браќата кои беа тука присутни, но не учествуваа во дискусијата, „да кажевте нешто за овие работи?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
– „Па некој ти ги кажувал овие работи, му рекол татко му, во градот што ни ги гаткаш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но, какво право имав јас, која дојде на свет дури по 63 години откако била родена баба ми, 40 години откако била родена тетка ми, 30 години откако била родена мајка ми и 10 години откако е роден брат ми, да ги обелоденува овие работи?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како би можел јас да ги знам сиве овие работи за тебе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Од каде си ги научил овие работи, од студентската менза? - Не, уште од домската.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Претходно, овие работи беа под надлежност на Агенцијата за приватизација, која со измените на овој закон од 2003 и 2004 година, престана да постои на 31 март 2005 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И покрај тоа што сега раскажувам за сите овие работи како тогаш многу да ми биле интересни, морам да признаам дека единствената работа што ми беше на ум беше да отидам во тоалет и да се отарасам од тридневното пеколно тегобно чувство.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А ти, економист, а? - по некое време разговорот се пренасочи на мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ИВАН: Ништо. Тероризмот не може без овие работи. (Ја повлекува напред и со шепот.) Зар ти мислиш дека јас немам очи и дека не гледам што станува и каде сме?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Го прекинува Фезлиев.) Ве распрашуваме за овие работи, зашто е во прашање една навистина решителна акција, решителна за...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Ама добро ми е. Можам ли да ги земам овие работи, мамо?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)