овие (зам.) - настан (имн.)

Навистина ми се пристори дека доктор Пачев ќе беше во право но само под еден услов: ако се случило овие настани да ги забележувам во деновите кога се случуваа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нагласувајќи дека „официјалните и неофицијалните негирања не можат да ја скријат од американската јавност антинародната политика на сегашната Грчка влада и трагичната судбина на македонските Словени“, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз барале грчкиот амбасадор Дијамантопулос да ја информира Грчката влада во Атина за ставот на „десетици илјади Американци од македонско потекло, како и милиони слободољубиви Американци“ кои „се многу вознемирени од овие настани“ и „да биде ставен крај на теророт на профашистичките банди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За сите овие настани живиот дух на потковичаните исковал едночудо приказни, а животот до ден-денешен ги додржал.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Завршувајќи го протестното писмо, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз се надевале дека "на грчкиот народ наскоро ќе му биде овозможено да создава вистинска демократија и остварување на целосни права на Македонците во Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А К.Мисирков, не само како член – основач и еден од раководителите на една значајна филијала на ТМОРО во Петербург, туку и како личен учесник и набљудувач на овие настани, имаше морално право и општествена одговорност да го изнесе своето мислење за најважните прашања во тој историски момент.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие настани ме потсетуваа на други такви, помали, во животот, кога сум гледал дека луѓето се далеку еден од друг, како од брег на брег, не се разбираат дури и кога се во прашање навидум ситни нешта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Она што ќе се насели во просториите на нашиот сон, сè едно во кое време се случувало тоа, не можеме тукутака да го парчосуваме и да ги искористуваме само оние делови што нам ни се чинат прифатливи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)