овие (зам.) - лице (имн.)

Дојде и до редефинирање на начинот на кој се избираат помирувачите и арбитрите, па така според новата законска формулација овие лица може да ги вршат овие две функции само ако имаат добиено лиценца од министерството надлежно за работите од областа на трудот на предлог на трипартитната комисија формирана од Економско социјалниот совет.93 Лиценцата за помирувач, односно арбитар се издава на неопределено време (чл. 30 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
На лицата на луѓето во Њујорк се чувствува густината на времето на овој град. (Овие лица немаат врска со предвремено остарените лица на бабушките во Москва на пр.) Сакаш- нејќеш се навлекуваш на тој спид.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите овие лица се предани на делото, некои од нив веќе се истакнале на книжевно поле, други како учители, а меѓу нив има и такви кои многу работеле на изгонувањето на фанариотите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)