овие (зам.) - краиште (имн.)

Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Вистина е,” рече санџак-бегот, „многу владетели на овие краишта покажале покрај бесот, и мудрост во своето владеење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Почитуван бегу,” рече тој со широк гест, „јас мојата благосостојба колку што ја должам на мојот прочуен Дубровник, толку ја должам и на добрите намери на господарите од овие краишта.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И овие двајца луѓе, загледани во оној до печката, што немаше на себе мека карирана кошула, што беше облечен во волнено и тврдо исткаено, какво што носеле отсекогаш луѓето во овие краишта, имаа едно чудно чувство за некакво не начнато задоволство, што се има обично по некоја свршена работа, која била претешка за нив, но која тие сепак успеале да ја свршат добро, да ја свршат онака, како што сакале без ниедна трошка, без ни еден збор отстапување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
МАТЕЈ: Ретко има Руси автостопери во овие краишта.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во историјата на овие краишта не се паметеше поголемо разбирање меѓу луѓето и животните: никогаш луѓето од овој град не биле толку блиски меѓу себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Сега и кошулите црни ќе ги заносиме, - велеа селаните. (Велеа така, зошто навистина луѓето од овие краишта еднаш заносија црно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)