овие (зам.) - коза (имн.)

Овие кози се вистински добродојдени и во исто време носат силна политичка порака.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На козарите им се враќаше самодовербата, па и овие кози и козарите насетуваа оти еден ден ќе се најдат пред волците на нашето време, но не помислуваа на пораз. ...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ве очекувавме со денови, но сами, без овие кози. Каде, браќа, со овие кози?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И, во романот, на крајот од краиштата, ток­му митскиот и реалниот пролетер ќе биде во право во однос на другите слоеви на населението кое не можеше лесно да се лиши од млекото на овие кози, односно имаше потреба од овие вистински, реални кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Човекот во градот заедно со овие кози беше поблиску до корените на животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не можеа тукутака овие кози да го запрат текот на историјата, сигурниот настап на новото социјалистичко општество, со работничката класа како нејзин главен гарант!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)