овие (зам.) - вода (имн.)

Беше решен дефинитивно да замине по текот на овие води, да го следи патот на јагулите…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вода, се констатира уште еднаш, ќе мора да се влече не од падините на Сината Планина, од дарванскиот крај, што беше далеку позгодно, доколку овие води не беа узурпирани, туку од западната Билга Планина. Јас реков: Влечете, сечете, уривајте!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, овие води, со нивните бранови силно повикуваа да се следи нивниот тек, да се патува со нив низ Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински, беше јасно дека запаѓаше во нова меланхолична тирада која требаше да го води уште еднаш до вистината кон која ги упатуваше и оддалечуваше своите собеседници, пријатели: - Насетувам, веќе ви реков пријатели мои, дека немам уште многу живот за да го следам текот на овие води, судбината на овие јагули на големиот пат кон океанот и да го дочекам нивното враќање, - рече тивко Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потребно е да се изгради филтер - станица за прочиствување на овие води, ама нема средства, иако има изработен проект.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нашите научници и прославени стручњаци, со помош на експертите од братските социјалистички земји, согледаа дека во овие води се кријат милијарди киловат-часови електрична енергија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)