овие (зам.) - асоцијација (имн.)

Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, синдикална организација на ниво на работодавач стекнува својство на правно лице со денот на упис во Централниот регистар на РМ; а сојуз на синдикати, односно здружение на работодавачите на повисоко ниво, стекнува својство на правно лице со денот на упис во Централниот регистар – по претходен упис во регистарот на синдикати, односно регистарот на здруженија 30.  Четири години подоцна, со четвртата измена на ЗРО (2005), се допрецизираа некои прашања поврзани со содржината на статутите на овие асоцијации (чл. 23, ЗИДЗРО/окт.09). 47 на работодавачи, кој го води МТСП (чл. 23, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)