оваа (зам.) - ист (прид.)

Оти влегов со клучот на блудот од братот мој во одајата, во оваа иста ноќ; влегов сам, без страв, со колена од камен, оти не се бојам веќе од ништо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, да се разбереме, вашето вчерашно пледоаје, за некој друг суд, во оваа иста земја, како и секаде каде што се протегаат новите христијански граници на комунизмот, би можело да биде протолкувано и како обид за исламско-отомански заговор, како носталгија по отоманското царство, скриен обид за негово реставрирање.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вети дека ќе ја почитува и дека ќе ја обожава со своето тело и дека ќе ѝ биде верен до крајот на животот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Истите зборови на обврзување, ветување, поучување, насочување кои ги повторуваше и тој, за да потврди дека навистина, и во добро и во зло, и во болест и во здравје, ќе остане со жената која тогаш ја донесе во оваа иста катедрала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)