оваа (зам.) - ситуација (имн.)

Тој навистина им должи објаснение и тој е човекот, иако не го знаат, што би можел нешто да поправи во оваа ситуација.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кикицас ја изгаси цигарата и рече: - Во оваа ситуација тој предлог е веќе задоцнет и не постои никаква реална можност за негова реализација, па дури и за спомнување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оваа ситуација на невозможност да го измениме меѓусебниот однос ме исцрпува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Наглас се кажа она што тој со денови го мислеше, неправдата што го гореше, агресијата врз неговиот личен и национален мир која не можеше да ја сфати, како што не можеше да сфати со која своја постапка, како човек или како Македонец, тој придонел да се најде во оваа ситуација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Османлиите ги нападнале Бугарите и ја освоиле источна Тракија и Едрене.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Оваа ситуација ја искористиле Романците кои ги нападнале Бугарите и ја зазеле јужна Добруџа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И, не можам, ме полудува целата оваа ситуација. На изглед сѐ е мирно, спонтано и во ред.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тешка е оваа ситуација. Понекогаш сакам да пропаднам во темната и ровка земја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Прописот, си е пропис! Зарем мораше и во оваа ситуација да ме следи мислата за Иваз!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, оваа ситуација се промени со измените од 1998 и 2000 година: •  измените од 1998 ја воведоа можноста работодавецот, „самиот“, и како негово „право“ (!?) – слично како во раниот капитализам, познат по бруталната експлоатација, да утврди кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок – кога се отпуштаа помалку од 20 работници, или најмногу до 20% од вкупниот број вработени (чл. 6, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Каде се „Јас“-овите во оваа ситуација е проблем за високо- технолошките пагани и за дигиталните филозофи. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 50
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тимоти Лири НОВА РАСА Memis: Само-реплицирачки идеи кои се шират меѓу хуманата популација, предизвикувајќи културални мутации. Neoteny: (1) Достигнување на напредна функционална зрелост уште во стадиумот на ларва; (2) задржување на оптималните за опстанок ларвични или недозреани карактеристики во возрасниот период, одбивање да се престане со растењето, проширување на развојниот период.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)