оваа (зам.) - операција (имн.)

Во ова „второ полувреме“ од спорот, каде што обете странки, секоја за себе, си ги сносеше судските трошоци Марковски – усно на записник – го повлече тужбеното барање за оштета поради неискористен годишен одмор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа операција траеше точно до полноќ, а Сотир го напушти хотелот два часа порано.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
4. Сојузниците ќе се обидат да достават колку што е можно повеќе воен материјал за оваа операција: противтенковско и планинско оружје, експлозиви, електрични запаливи фитили, муниција за нашата пешадија и тешкото оружје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во однос на спроведувањето на Пресудата, која во јануари 2005 стана правосилна и извршна, бидејќи не беше обжалена – оваа операција одеше доброволно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)